-->
-->
Крвава тепачка во Струга: Маж, жена и свекрва нападнати во семејната куќа пред децата
-->

Вчера вечер околу 22.00 во Струга, на ул. „Црн Дрим“ лицето М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А.. во својот дом, физички биле нападнати од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица.
Додека М.А., Е.А., З.А., и нејзините четири деца гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата.
М.А. отишла да ја отвори вратата каде стоел Ф.Н. со непознатите лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети.
Во тој момент Ф.Н. без повод и причина ја удрил М.А. со шамар и тупаница во пределот на лицето и телото, а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале З.А. и Е.А..
По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде Ф.Н. со метална шипка го удрил Е.А. во пределот на главата кој паднал во безсознание.
Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
