-->
-->
Крвава тепачка во кафе бар во Куманово, 15-годишно момче повредено со шише
-->

Ноќеска во 01.00 часот во СВР Куманово С.Т. (47) од Куманово пријавила тепачка во нејзиниот кафе бар. Во 01.50 часот од страна на ОКТУПА бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека околу 00.50 часот во холот, пред тоалетите и магацинскиот простор на кафе барот, од страна на повеќе непознати лица физички било нападнато петнаесетгодишно момче, кое било удрено во главата со шише од пиво.
Момчето било пренесено во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана телесна повреда.
По укажаната помош петнаесетгодишникот бил пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега