Крвава пресметка: Битолчанец прободен со нож во кафеана
Тешко повреден маж со убодна рана во пределот на десната страна на градниот кош синоќа бил примен во битолската болница. Тој, како што и изјавил на полицијата, бил нападнат од непознато лице во кафеана во градот.
МВР соопшти дека вчера околу 19:00 часот во Битола на ул.„Жикица Шпанац“ на влезната врата од куќата сопственост на Л.Ј., лицето Ј.К. (61) од Битола побарало помош жалејќи се на болки во градниот кош.
Од страна на Л.Ј. била повикана екипа на Итна медицинска помош по што лицето било пренесено во Клиничката болница-Битола, каде му е констатирана тешка телесна повреда односно убодна рана во пределот на десната страна на градниот кош.
Од извршениот разговор со повредениот, како што соопшти полицијата, кој бил видно под дејство на алкохол, посочил дека нападот го извршило непознато лице, во кафеана лоцирана во Градскиот пазар.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии