Крушево го одбележа Денот на Власите

Со богата програма, со влашко оро, со пеење и рецитирање влашки песни, денеска во Домот на културата „Наум Наумоски Борче“ во Крушево беше одбележан денот на Власите, 23 мај. Манифестацијата за одбележување на Денот на Власите е на крушевското основно училиште „Никола Карев“ со безрезерва поддршка на крушевската локална самоуправа.
Според претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски 23 мај е важен ден не само за влашката заедница, туку и за сите кои живеат во Крушево.
- Утрешниот ден има посебно значење, не само за припадниците на влашката заедница, туку и за сите други националности, како симбол на соживотот и заедничкото живеење во нашава држава. Ние, како крушевчани треба да бидеме посебно горди на овој ден бидејќи споменувањето на Крушево претставува синоним за влашката култура, традицијата и обичаите, рече Петроски.
Директорката на крушевското основно училиште „Никола Карев“, Оливера Чавкроска ја истакна важноста на овој ден во соживотот и меѓусебната толеранција, нагласувајќи дека како училиште учествуваат во многу проекти за меѓуетничка интеграција.
- Училиштето опфаќа ученици од повеќе националности како Македонци, Албанци, Власи и други националности. Сите функционираат сложно со демонстрација на високо ниво на толеранција. Активно учествуваме во Проектот за меѓуетничка интеграција на Министерството за образование, а културните манифестации ги опфаќаат сите наставни јазици и оставаме простор за претставување на сите различности. Сето ова е со една цел – да ги научиме нашите ученици на разбирање, на толеранција и на запознавање на различниот од нас, рече Чавкароска
Професорот по влашки јазик Ставре Шоке обраќајќи се на влашки јазик го честита овој голем ден за Власите од Крушево и од целата држава.
Ново на Сител
-

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
-

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во ЕУ, нагласува потпретседателката на српскиот парламент
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
