Кризен штаб Гостивар: Состојбата со пандемијата во гостиварско станува сериозна
Зголемувањето на бројките на новоинфицирани во гостиварскиот регион загрижува и потребно е да се спроведат активности за доследно почитување на мерките за заштита од корона вирусот. Oва е една од оценките на кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше.
Ново откриените случаи се од различни населени места и нaселби, што според претседателот на кризниот штаб Арбен Таравари, олабавувањето на мерките и зголемената раздвиженост се ризици кои може да придонесат за зголемување на бројот на заразени.
– Состојбата во овие три општини веќе е сериозна. Сите претставници на институции кои членуваат во штабот апелираат до граѓаните за стриктно придржување на мерките за заштита и протоколите. Состојбата на државно ниво е надвор од контрола. За среќа во Гостивар, во однос на другите градови сме во подобра позиција иако бројката е сериозна. Загрижувачко е дека новозаболените се од различни региони и дека процентот на тестирани кои се позитивни е 15 до 20 отсто и со тоа влегуваме во „црвена фаза“, рече Таравари.
Во Гостиварската општа болница, капацитети за сместување на заболени се речиси пополнети. Во болницата има можност за сместување на 18 пациенти со ковид-19, а слободни кревети се четири. Управата се обратила до властите да им се обезбеди шатор за времена амбуланта и тријажа на сомнителни и заразени со коронавирусот.
Во последната статистика на здравствените власти се наведува дека се излечени 44 пациенти, а активни се 64, од кои во општина Гостивар 43, Врапчиште 20 и еден случај има во Маврово Ростуше. Во трите гостиварски општини досега има 117 заразени – Гостивар 71, Врапчиште 40, и Маврово Ростуше 6. Починати се девет лица.
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
