Кризен штаб Гостивар: Пандемијата во гостиварско е под контрола
Меѓуопштинскиот кризен штаб штаб по денешниот состанок оцени дека состојбата со пандемијата во гостиварскиот регион е под контрола, а граѓаните да ги спроведуваат мерките за заштита од корона вирусот.
Кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, во кој челнуваат преставници на повеќе институции ги анализраа актуелните состојби со пандемијата. Меѓу другото во заклучоците беше констатирано дека активните случаи се главно асимптоматски или пак имаат лесна клиничка слика.
Состојбата со ЈП „Комуналец“ каде што беа откриени неколку позитивни случаи е нормализирана и работните обврски се одвиваат без застој, иако како што беше кажано, заради превенција неколку лица се испратени во двонеделна самоизлоација.
Според Арбен Таравари кој раководи со штабот во наредниов период низ градот општински патроли ќе контролираат исто како и полицијата и инспекциските служби и ќе предупредуваат на непочитување на мерките за заштита.
– Мобилните екипи на општината започнаа да вршат контроли. Нивна задача е да проверуваат дали се почитуваат протоколите и препораките за заштита. Во меѓувреме на неколку граѓани им е укажано на носењето на заштитни маски, а доколку тоа не го направат ќе се соочат со казни, рече Таравари по 18 состанок на кризниот штаб
Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 13, а во Маврово и Ростуше 3. Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 475 тестови од кои 51 лице имало позитивни резултати на Ковид-19 . Од нив 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти.
Ново на Сител
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
-
Дачиќ: Шест полицајци беа повредени во протестите, 38 лица се приведени
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време
-
Трамп со аплауз го пречека Путин