Кривопаланечките пожарникари даруваа крв

Вкупно 16 единици крв собрани се на денешната крводарителска акција која се одржа во просториите на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка во пресрет на Денот на пожарникарите - 20 Мај.
Акцијата е во организација на Црвен крст - Крива Паланка, а се реализира во соработка со Институт за трансфузиона медицина, Скопје.
- По повод утрешнито ден, 20 Мај, Денот на пожарникарите, во соработка со ТППЕ Крива Паланка направивме акција за крвиопаланечките пожарникари. Тие ја покажаа хуманоста на дело, покрај хуманата и ризична професија која ја обавуваат, поддржувајќи ја акцијата, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Ова беше осма акција за крводарување организирана на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце годинава. На досегашните акции заедно со денешната, собрани се 423 единици крв.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
