Кривични пријави за злоупотреби во АД Водостопанство

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(37), Х.Д.(34), М.В.(45), С.В.(20), К.Т.(36), М.О.(34) сите од Скопје и С.С.(54) од Штип, З.В.(42) од Виница, С.Ц.(37), Б.З.(41) и Л.П.(39), тројцата од Кавадарци и С.Б.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од октомври 2017 до февруари 2018 година првопријавениот, како претседател на одбор на директори и вршител на функцијата главен извршен директор на АД “Водостопанство” и Е.У. (почината -постапката против истата е прекината) како главен извршен директор на АД “Водостопанство” на РМ, спротивно на Законот за јавни набавки, законот за водите и правилникот за условите, начинот и постапката за продажба на изваден наносен материјал-песок, чакал и камен од речните корита, на 11 фирми во кои останатите пријавени биле управители, им доделиле договори за јавна набавка со цел подобрување на режимот на водата во речните корита.
На тој начин, првопријавен и Е.У. овозможиле на останатите пријавени да се стекнат со противправна имотна корист, која ќе биде дополнително утврдена.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
