Кривични пријави за злоуотреби против тројца вработени во „Водостопанство“ - Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(62) и С.Л.(36), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
Во текот на 2016 и 2017 година второпријавената, како раководител во АД „Водостопанство“ – подружница Куманово, по претходно распишан тендер за набавка на ХТЗ опрема, во пет наврати изготвила лажни приемници за набавена ХТЗ опрема од фирма од Куманово, по што првопријавениот, како директор на наведената подружница, ги одобрил фактурите за набавената опрема доставени од наведеното правно лице.
По ова, второпријавената и третопријавениот, како раководител во наведеното акционерско друштво, по укажување од првопријавениот, изготвиле лажни списоци и испратници за задолжување на набавената ХТЗ опрема на вработени во наведеното акционерско друштво.
Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 732.799 денари на штета на АД „Водостопанство“ Скопје.
Ново на Сител
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
-

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
-

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
-

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
