Кривични пријави против лица од Пробиштип и Свети Николе за кражби од цркви
Кривични пријави се поднесени против две лица од Пробиштип и Свети Николе, осомничени за кражби од цркви, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Триесет и седумгодишниот Д.К. од Пробиштип е осомничен за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и едно кривично дело „лажно претставување“ по член 391 од Кривичниот законик.
-Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11 до 15 мај во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една, лажно се претставувал на свештено лице како полициски инспектор. По преземени мерки и активности, на 16 мај во 12:30 часот во Свети Николе, тој е лишен од слобода, по што е спроведен во Полициската станица - Пробиштип, каде бил задржан во врска со судска наредба за приведување и спровод во Казнено - поправната установа „Затвор - Струмица“, појаснуваат од МВР.
Во истиот период, расчистено било и кривично дело „тешка кражба“од црква во Свети Николе, сторена од М.Ј. од овој град. Таа била пронајдена и против неа, како што нагласуваат од МВР, исто така, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство - Свети Николе по член 236 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија