Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик

Градоначалникот на Општина Струга доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според информацијата, тој, именувал вршител на должност директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лице со несоодветно образование и сертификат за познавање на англиски јазик, како и дека не исполнува повеќе услови од Законот за јавни претпријатија.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од селото Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 18 ноември 2025 година, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик и не исполнува повеќе услови од Законот за јавни претпријатија, информира МВР.
Со тоа, како што е наведено, му овозможил противправно да оствари парична корист по основ на плата и придонеси како директор на ЈП „Водовод и канализација“-Струга.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

Муцунски даде отчет за сработеното во изминатите две години
-

Јаневска: Реализиравме бројни реформи, го подигнуваме квалитетот на образованието
-

Трипуновски: Од почетокот почнавме со решавање на наталожените
-

Струмичкиот музеј чува модел на фудбалска топка од финалето на првото Светско првенство во Уругвај
-

Јаневска од Штип - од есен реновирање на 7 студентски домови во државата
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
