-->
-->
Кривична за поранешен директор на АХВ - го оштетил Буџетот на РМ за 4.386.033 денари
-->
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.П.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од МВР.
– Пријавениот, во својство на овластено лице – директор на Агенција за храна и ветеринарство, во 2016 година ја злоупотребил службената положба и овластувања така што постапил спротивно на Законот за јавни набавки со што го оштетил Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 4.386.033 денари, велат од МВР и додаваат дека притоа овозможил противправна имотна корист во износ од 7.534.497 денари на фирма од Радовиш и противправна имотна корист во износ од 1.517.033 денари во корист на фирма од Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
