-->
-->
Кривична за кумановец кој се заканувал со моторна пила и се обидел да прегази шумски полицаец
-->
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопшти МВР.
Како што соопштија од МВР, против кумановецот е поднесена кривична пријава бидејќи се заканувал со моторна пила и се обидел да удри шумски полицаец.
- На 17.07.2023 во атар на с.Герман, кривопаланечко, додека шумски полицајци вршеле контрола и констатирале неправилности при превоз на дрва, пријавениот со моторна пила им се заканил, по што со возило се обидел да удри шумски полицаец, се наведува во полицискиот билтен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички
-
Јаневска: Од идната година свидетелства само електронски
-
По ДОМ и Партијата на пензионерите ја напушта СДСМ
-
Димитриевски реизбран за претседател на „ЗНАМ”
-
Крстевски: Кочани будно ќе го следи судскиот процес, требаше да има оставки од функционери од морални причини
-
Едрилица се скрши сред Охридско Езеро од силен ветар