Кривична против Сашо Велковски, поранешен градоначалник на Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и Правилникот за начинот на издавање на одобренија за градење на тој начин што лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште при општина Свети Николе.
-Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15.488.1118 денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот. Дополнително, наведениот објект не е впишан во Агенцијата на катастар на недвижности Свети Николе, бидејќи претставува бесправно изграден објект - информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта
