Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.
Во периодот од 02.07. до 07.07.2025 во атар на село Крклино, битолско, пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална штета, додека во село Долно Српци, општина Могила, со употреба на сила влегол во куќа и одзел ловечка пушка калибар 16 мм и две туби со гориво.
На 07.07.2025, исто така, во атар на село Долно Српци, пукал со пушката кон 22-годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, а потоа на влез од село Вашарејца се обидел да пука кон полициски службеници, но не успеал, по што тие пукале и го погодиле во ногата, по што бил лишен од слобода.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
