Македонија
12. February 2020 - 16:49

Кривична пријава за тројца скопјани за кражби во Тетово

Тетовската полиција информира дека се расветлени неколку кражби случени на крајот од 2019 година, а за кои се поднесени соодветни пријави за тројца жители на Скопје. До Основното јавно обвинителство Тетово поднесена е кривична пријава против М.Х.(48), Д.Т.(42) и Р.Д.(42), тројцата од Скопје, поради основи на сомнение дека првите двајца сториле кривично дело „кражба“, а третиот кривично дело „прикривање“.

-Првопријавениот М.Х. се сомничи дека во текот на декември минатата година, искористувајќи го невниманието на вработените, од продавници за технички производи во Тетово одзел: четири лаптоп-компјутери, кафемат и климатизер, додека Д.Т. го чекал надвор во возило со скопски регистарски ознаки, по што двајцата се враќале во Скопје и заедно со Р.Д. ги продавале производите, а парите ги делеле меѓу себе, соопшти Марјан Јосифоски, портапрол на СВР Тетово.

Вкупната противправна корист со која се стекнале пријавените се проценува на близу 170 илјади денари.