Кривична пријава за скопјанец кој користел лажни платежни картички

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Д.А. (20) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка”.
Тој во текот на септември 2012 година нелегално прибавил банкарски податоци од вистински странски платежни картички со кои извршил нелегална трансакција на македонска интернет страна која нуди онлајн продажба. Купил компјутерска опрема со што се стекнал со против правна имотна корист од 29.980 денари.
Полицијата информира дека од страна на домашна банка поднесена е пријава за покренување на истрага за трансакција направена со странска „Виза” картичка, пријавена како фалсификувана. Според анализата на пријавата направена е една успешна трансакција со една фалсификувана платежна картичка во износ од 29.980 денари на 3 септември 2012 година при што бил купен таблет компјутер.
Извршен е претрес во домот на Д.А. при што е одземена компјутерската опрема, а при извршената форензичка анализа пронајдени се голем број броеви од платежни картички, како и целосни податоци за сопствениците на картичките.
Ново на Сител
-

Пожар во магацинскиот дел од поранешниот дисконт на „Тинекс“ во населба 11 Октомври
-

Николоски во увид на рехабилитацијата на автопатот Гевгелија-ГП Богородица: Се работи интензивно и во ноќни услови, за брзо време ќе имаме модерен влез во државата
-

Седлоски повеќе не е селектор на Македонија, спогодбено се разделија со ФФМ
-

Трамп најави нови царини, меѓу кои и за Кина и ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања, туку ги исполнуваме обврските според системот на заслуги на ЕУ
-

МВР одзеде 67 возила во акција на Интерпол – откриени фалсификувани шасии и возила по кои се трага меѓународно
-

На 96 години Ворен Бафет донираше 5,5 милијарди долари – планира да подари 99% од своето богатство, проценето на 156 милијарди
-

Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
