-->
-->
Кривична пријава за малолетник поради кражба
-->

Полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против малолетник од Кичево роден 2003 година поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“,
- Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 31 мај до 12 јуни оваа година употребувајќи подесен предмет со кој ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници лоцирани во централното градско подрачје во Кичево. По пребарување во внатрешноста, малолетникот одземал пари, патики, таблет и други поситни предмети, информира портпаролот на СВР - Охрид Стефан Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
-

Министерството за здравство и ОЈО ќе проверуваат дали несоодветно лекување е причина за смртта на новороденче на ГАК
-

Вработените во пералната на Клинички 11 месеци без плата и здравствено осигурување
-

Сомнеж за злоупотреба на речиси 2 милиони евра во Државна лотарија, утврди Заводот за ревизија
-

ЕВН бара поскапување на струјата од 6%, по Нова година
-

Преглед на вестите од светот
