Кривична пријава за лихвар, за заем од 1.500 евра барал 90.000 евра
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од с.Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во текот на 2014 година, пријавениот на Х.И. од с.Опае му дал 1.500 евра и искористувајќи ја неговата материјална состојба го условил со месечна камата од 500 евра, а главниот долг да остане ист. Откако Х.И. не успеал да ги врати главниот долг и каматата, пријавениот во неколку наврати го зголемувал главниот долг, кој во 2015 година достигнал 20.000 евра. На барање и со закани од Б.С., Х.И. во јануари 2016 година со нотарски договор, кој требало да важи до враќање на парите, му ја препишал куќата во с.Опае на Б.С..
Додека Х.И. бил да работи во странство за да ја обезбеди бараната сума, Б.С. ја принудил сопругата на Х.И. со семејството да ја напуштат куќата, а откако се вратил во октомври 2020 година, Х.И. преку посредник стапил во контакт со пријавениот, кој тогаш побарал од него до март 2021 година да му даде 90.000 евра за да му ја врати куќата. По изминување на последниот рок, Х.И. го пријавил случајот во СВР Куманово.
Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, Б.С. моментално е на издржување казна затвор за друго кривично дело.
Ново на Сител
-

Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар | ВИДЕО
-

Руски балистички ракети врз Киев, две лица загинати, три повредени
-

Малолетник под 14 години го запалил македонското знаме и го објавил видеото на ТикТок
-

Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
-

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
-

Роналдо: Децата ме сакаат, бидејќи ме гледаат како пример за углед
-

За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди
-

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
