Кривична пријава за кумановец кој шест години предавал математика со фалсификувана диплома

Кумановската полиција поднесе кривична пријава до основното јавно обвинителство за „фалсификување исправа“ против кумановец кој шест години предавал математика во основното училиште „Бајрам Шабани“, информираше денеска СВР Куманово.
-СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.З. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378, став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на СВР Куманово.
Пријавениот, информира полицијата, набавил фалсификувана диплома од Универзитет во Приштина, Р.Косово, со што се стекнал со квалификација на степен „професор по математика“. Дипломата ја употребил како вистинска во општинско основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.
До 2017 година му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од платите што му биле исплаќани од буџетот на Република Северна Македонија од 1 декември 2011 до 5 мај 2017 година.
Ново на Сител
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
