Кривична пријава за гостварец за кражби во Струга
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против дваесет годишниот О.А.(20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои пет „тешка кражба“ и четири „кражба“.
Пријавениот, како пто информира СВР Охрид, кривичните дела ги извршил минатиот месец во повеќе куќи, станови, од патничко моторно возило, но и од плажи на струшкото крајбрежје при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 800.000 денари.
- О.А. користејќи подесен алат и физичка сила и со обивање на врати насилно влегувал во куќите. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста, одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, облека и други вредни предмети. По плажите најчесто одземал мобилни телефони, но и други предмети додека во патничко моторно возило влегол со кршење на лептир стаклото од задната врата, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Струшката полиција, додаде тој, оформила предмет со прецизни оперативни информации по што О.А. бил пронајден и приведен.
По наредба од Основниот суд во Струга бил извршен претрес во хотелска соба во Струга каде пријавениот бил сместен и пронајдени се дел од бесправно одземените предмети.
Ново на Сител
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија