Кривична пријава за дебранец кој на државно земјиште покрај езеро почнал бесправна градба

Триесет и седум годишен дебранец заработи кривична пријава откако узурпирал државно земјиште на брегот на Дебарско Езеро и почнал бесправна градба.
– Дебарското одделението за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.Е.(37) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, во текот на летниот период од 2020 година, во месноста „Бадеми“, на крајбрежјето на Дебарското Езеро узурпирал земјиште сопственост на Република Македонија со површина од околу 236 метри квадратни и без одобрение започнал градба на индивидуален станбен објект од втора категорија, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според него, Секторот за урбанизам од општината од извршениот увид констатирал дека индивидуалниот објект се гради без одобрение и во спротивност со Законот за градење. Со таквото дејствие пријавениот се стекнал со туѓо земјиште и со противправна имотна корист во износ од 361.965 денари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
-

За 10 години бројот на првачиња намален за 10 000
