Кривична пријава против полициски службеник за земање мито

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т. – полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.
Ново на Сител
-

МВР: Не отворајте лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
-

Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
-

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие
-

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител
-

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен
-

Тело на жена извлечено од Вардар кај мостот до Градскиот стадион
-

Судскиот совет утврди сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје
