Кривична пријава против крадец од Штип, расчистени 10 кривични дела во Радовиш
– Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против М.Ј.(19) од Штип, со престој во Радовиш, поради постоење на сомнение дека во периодот од април до декември 2022 година на подрачјето на Радовиш извршил осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“.
Како што информираат денеска од МВР, при службен разговор со пријавениот во Одделението за внатрешни работи Радовиш, тој ги признал делата. Притоа, едно од кривичните дела „тешка кражба“ го сторил заедно со С.Р.(21) од Штип, со престој во Радовиш, со кој, исто така, бил извршен разговор во полициска станица. Инаку, пет од делата ги сторил во викенд куќи на планина Плачковица, а останатите на други локации во Радовиш и околните населени места.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
