Кривична пријава против две фирми и нивниот управител од Велес за даночно затајување од 6,7 милиони денари
Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицето В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, како и против правното лице ТД АДО 95 и правното лице ТД ГАЦО КОМ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.1 и ст.3 и фалсификување или уништување деловни книги од член 280 ст.2 и ст. 3 в.в.ст.1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
-Првопријавениот В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, во периодот од 01.01.2016 година до денес, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во име и за сметка на второпријавеното правно лице ТД АДО 95 и третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, во завршните сметки за 2018 година прикажал невистинити податоци, односно, не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите кои се постари од три години, и тоа за вторпријавеното ТД Адо 95 во износ од 43.103.393,00 денари, за третопријавеното ТД Гацо Ком во износ од 23.783.183,00 денари со што не ја зголемил добивката во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кои износи не пресметал, не пријавил и не платил Данок на Добивка во износ од 4.310.339,00 денари за второпријавеното правно лице ТД Адо 95 и износ од 2.378.183,00 денари за третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, наведуваат од Финансиската полиција.
Со претходнонаведените дејствија, се посочува, пријавените лица го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 6.688.658,00 денари.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп