Кривична пријава против 26-годишен скопјанец за обид за убиство во Ченто

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, со кривична пријава го предаде А.М.(26) од Скопје, поради основи на сомнение дека на 24.овој месец со повеќе истрели од огнено оружје се обидел да го лиши од живот Ј.Б.(22) од Скопје, со што сторил кривично дело „убиство во обид“.
Како што соопшти МВР, завчера околу 00,05 часот на крстосница на улиците „Дормиторскa“ и „Алија Авдовиќ“ во населба Ченто пријавениот A.M. го пресретнал Ј.Б., излегол од возило и од автоматска пушка пукал кон оштетениот, кој управувал патничко моторно возило „мерцедес". Повредениот од случајни минувачи бил однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде е задржан на понатамошно лекување.
- Од страна на полициски службеници извршен е увид на местото на настанот. По преземените мерки и активности дојдено е до сознанија дека можен сторител на кривичното дело е А.М. и тој од страна на полициски службеници е лишен од слобода, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
