Кривична пријава потив прилепчанец за фалсификување патна исправа
Регионален центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против П.П.(65) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 11.10.2020 до 02.04.2021 година, додека незаконски престојувал во Сојузна Република Германија, обезбедил фалсификувани штембили од Унгарија во неговата патна исправа за да докаже дека неговиот престој во Европската унија не надминувал 90 дена.
-Патната исправа со фалсификувани штембили ја користел во повеќе наврати, но на 20.11.2022 година при гранична контрола во Унгарија му била одземена и за тоа била водена судска постапка во Унгарија. После тоа, на 04.01.2023 пријавениот пријавил дека патната исправа му била изгубена, по што му бил издаден издаден нов пасош во Северна Македонија, по што ги користел двете патни исправи, посочуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот