Кривична и притвор за педофилот кој нападна седумгодишно девојче во Охрид
Охридската полиција поднесе кривична пријава за педофилот кој пред два дена нападна седумгодишно дете во центарот на Охрид. Станува збор за лицето Т.Т. (73) од Скопје со привремен престој во Охрид, кому истовремено му е изречена и мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Нападот се случил на 6-ти овој месец, во 12:30 часот во непосредна близина на охридската чаршија. Приведениот кривичното дело „полов напад врз малолетник“ го извршил така што откако го забележал девојчето како се враќа од училиште, го повикал во споредната уличка и почнал да ја допира.
Од СВР Охрид соопштуваат дека веднаш по пријавувањето на настанот, бил консултиран јавен обвинител и во присуство на мајката биле извршени разговори со детето, со сведоци и претставници на Центарот за социјални работи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна