Кривичен суд – Скопје, ќе суди само итни и неодложни предмети
Основниот кривичен суд – Скопје, во следниот период ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети односно притворски и кривични предмети со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, кривични предмети кои се во фаза на донесување одлука како и сите други кривични предмети и обврски опфатени во објавената одлука на Судскиот совет, информираат од Кривчниот суд.
-Со цел заштита на странките во постапката и судските службеници од ширење на корона вирусот, судот ги известува сите граѓани кои имаат добиено писмена или усна покана за судење насрочено во следните 30 дена, дека на влезот од судската зграда од утре преку посреден контакт со судската полиција, односно преку шалтерот за прием, ќе бидат известени дали предметот за кои се повикани ќе се одржи, а доколку не кога и како ќе бидат известени за следно судење, велат од Кривчен суд.
Оттаму апелираат до граѓаните и сите адвокати, обвинители, вештаци и сведоци доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата и доколку не се повикани од судот непотребно да не влегуваат во судската зграда.
Ново на Сител
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
