Кривичен: Според пресудата - притворот за Миле Јанакиевски е оправдан, а критикувана е должината на жалбената постапка
Во однос на одредени медиумски известувања и коментари за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур на апликантот Миле Јанакиевски против РСМ и наводите дека „притворот бил неосновано определен“ апелираме до медиумите, но и правните критичари дека е потребно прецизно и дословно известување за вакви сензитивни теми.
Според пресудата - притворот за Миле Јанакиевски е оправдан, а критикувана е должината на жалбената постапка.
Имено: Пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира јавноста. Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степн, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан, НО утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен:
Во прилог на образложението дека основаноста на определениот притвор бил поткрепен со соодветни докази говори и точка 95 од пресудата според која „нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед била произволна или очигледно неразумна“
Заради сето тоа сметаме дека е потребно пред се точно и дословно известување и коментирање во однос на пресудите на ЕСЧП бидејќи во спротивно се гради дискредитирачко јавно мислење за постапувањето на судот.
Основен кривичен суд Скопје
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
