Крива Паланка ќе кофинансира изградба на три патни правци

Советниците од општинскиот Совет на Крива Паланка донесоа одлука за кофинансирање на проект со кој ќе бидат изградени три нови локални патишта во градот.
Одлуката се однесува на кофинансирање на „Проект за подобрување на општинските услуги“ финансиран од средства на Меѓународната банка за обнова и развој и средства од Европска унија, ИПА - грант за рурална инфраструктура од претпристапната помош на ЕУ.
Од вкупната одобрена вредност на проектот во износ од 18.023.711 денари без ДДВ, општина Крива Паланка ќе учествува со кофинансирање со средства во износ од 3.033.711 денари без ДДВ од буџетот на локалната самоуправа за 2016 година.
Проектот е одобрен по објава на повик од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, а општина Крива Паланка има добиено средства за три поткомпоненти: изградба на локален пат во село Конопница спој со А-2, реконструкција на локален патен правец Крива Плаанка-село Конопница и изградба на дел од пристапна улица „Ацо Шопов“-крак 1 во населеното место Лозаново
Ново на Сител
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
