-->
-->
Кристијано Роналдо „изброја“ 100 голови во евро купови
-->

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола вредни победа над Баерн Минхен (2:1) и стана првиот играч со постигнати 100 погодоци во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Португалецот најпрво во 47. минута на средбата во Минхен го постигна 99-от гол во евро-куповите, а 30 минути подоцна стигна и до 100. Од овие 100 гола Роналдо 84 ги постигнал во дресот на Реал Мадрид, а 16 настапувајќи за Манчестер Јунајтед.
- Среќен сум поради овој рекорд и сакав да го остварам. Голема чест е тоа што го постигнав против Баерн, изјави Роналдо по триумфот на „Алијанц Арена“.
Најблиску до Роналдо по бројот на постигнати голови на евро-сцената е неговиот голем ривал Лионел Меси кој досега 97 пати се запишал во листата на стрелците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
