Македонија
2. August 2016 - 12:02

Кристијан Тимоние нов амбасадор на Франција во Македонија

Кристијан Тимоние е назначен за амбасадор на Република Франциија во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Назачувањето на Кристијан Тимоние е објавено во Службениот весник на Франција и на функцијата амбасадор тој ќе ја замени досегашната амбасадорка Лорамс Оер, чиј мандат истекува.

Кристиан Тимоние е дипломат од кариера и претходно бил Генерален конзул во Неапол и Солун, а во моментов беше член на постојаната екипа во својство на дипломатски советник на Мисијата за одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна.