Кристијан Керн е за цврста позиција кон Турција
Австрискиот канцелар Кристијан Керн во денешното интервју за весникот „Јостерајх“ бара цврста позиција во однос на несогласувањата со Турција.
- По никоја цена европските држави не смеат да покажат страв, смета тој.
Во врска со ултиматумот на Турција по прашањето за бегалците Керн е категоричен: „Ние не сме питачи. Европската унија седи на подолгата гранка, изјави тој.
Реагирајќи на изјавата на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за раскинување на договорот за бегалците, доколку до октомври за турските граѓани не биде укинат визниот режим Керн изјави: „Ние имаме потреба од Турција, но таа има поголема потреба од нас“. Тој додаде дека Турција без ЕУ е под закана од банкрот.
Керн го повтори мислењето во однос на слободата на демонстрациите во врска со критиките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон Австрија и неговите обвинувања дека државата не дозволува слободни протести. Причината е неодобрувањето на одржување масовен митинг за поддршка на Ердоган. Австриските власти најавија санкции против ваквиот митинг, со образложенисе за непочитување на јавниот ред.
- Секако дека треба да постои слобода на одржување демонстрации, нагласи канцеларот и додаде дека кон него биле упатени закани за убиство од крајнодесни и радикални претставници на турската заедница.
- Треба да се стави крај и да се постигне помирување, нагласи Керн и додаде дека според него Ердоган и радикалните кругови ќе ги користат „луѓето како заложници“.
Керн и натаму е со критички став кон Ердоган поради, како што вели, „демонтажа на правната држава“ по осуетениот обид за пуч во Турција.
Ставот на Керн за договорот за бегалците е поддржан и од министерот за надворешни работи Себастијан Курц, кој изјави денеска дека Анкара треба да ги исполни условите, поставени од ЕУ за да биде либерализиран визниот режим.
- За мене е јасно дека ние не треба да отстапуваме ниту милиметар по тоа прашање, додаде Курц.
Во меѓувреме министрите за надворешни работи на Турција и Австрија си разменија реплики на Твитер во однос на спогодбата меѓу Анкара и ЕУ за запирање на бегалскиот проток кон Европа во замена за стимулации, како укинување на визниот режим за турските граѓани за Шенген зоната.
Најпрво Курц реагираше на Твитер на интервјуто на Чавушоглу за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Во него Чавушоглу вели дека Турција ќе отстапи од договорот за реадмисија и спогодбата од 18 март, доколку турските граѓани не добијат право на безвизен режим.
- Не го прифаќам ултиматумот на Чавушоглу и го отфрлам. ЕУ не може да продолжи да зависи и треба да ги заштити своите граници, напиша Курц на Твитер.
- Тоа не е ултиматум Себастијане, туку мое мислење. Слобода на изразување, пријателу, одговори преку Твитер Чавушоглу.
Ново на Сител
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу