Кристијан Ангеловски беше најбрз до светиот крст во општина Илинден
На централната манифестација по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Кристијан Ангеловски од Илинден беше најсреќен меѓу големиот број верници кои денеска скокаа во студените води на езерото кај хотелот „Белви“ и го извади светиот крст.
Младиот Кристијан, кој осми пат учествува, оваа година по прв пат успеа да го фати светиот крст.

По излегувањето од водата Кристијан беше даруван од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, и неколку спонзори на манифестацијата. Градоначалникот Георгиевски му се заб лагодари на Кристијан за храброста и упосноста и му посака Богојавленскиот крст да му донесе здравје, радост,среќа и благосостојба.
Покрај езерото во хотелот „Белви“ каде свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“ го положија светиот крст, беа присутни голем број верници, граѓани кои ја следеа церемонијата на осветувањето на водите.

Оваа година, како што информираат од Општина Илинден, околу 25 верници биле пријавени за скокање по светиот крст.
Ново на Сител
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
