Криминолог тврди: Јелена е убиена од страст

Убиството на младата пејачка Јелена Крсмановиќ ја потресе цела Србија и регионот. Таа е брутално убиена кода трчала во населбата Црвенка во Борча. Нејзе ја следеле сопругот и ќеркичката, но подоцна ја изгубиле од вид, по што дури следниот ден полициајта ја пронајде мртва во каналот и грмушките.
Што се случува со се позачестените напади врз жени и дали постои сериски убиец, криминологот Златко Николиќ смирува и вели дека нема место за паника зошто овде се работи за убиство поткрепено со големо количество омраза.
-Според она што го видов во медиумите, ова е убситво од страст со големо количество омраза зошто вака убиваат главно оние кои таа лошо ги погледнала, односни оние на кои им е невозвратено она што сметале дека имале право да го имаат или дека е нивно.
Тој објаснвуа дека лицата како настраданата пејачка се предодредени да бидат жртви, зошто се постојано експонирани како на Фејсбук, така и на останатите социјални мережи. Тие не можат да насетат дека на мрежите има многу работи за кои не се свесни дека претставуваат латентна опасност и може скапо да ги чини.
-До сега децата ги предупредувавме за опасноста од социјалните мрежи, но знаеме каков е светот од другата страна на жицата, дека има болни и пореметени, патолошки типови на кои достапноста на социјалните мрежи им овозможува да дознаат за лицата кои на некој начин сакаат да ги казнат, повредат, понижат... Сигурен сум дека Јелена користејќи ги социјалните мрежи некаде нешто напишала, дека лесно ја пронашол каде џогира и веројатно ја следел какви навики има во врска со тоа, дали џогира сама или со друштво и слично...
Тој нагласи дека не смееме да паднеме во паника зошто има лудаци околу нас.
За убситвото на Јелена Крсмановиќ повторува дека убиството било планриано и одработено со голема омраза, додавајќи дека во овој случај брзо ќе дојде до разрешување.
-Има многу траги, а тие се таму зошто брзо се реагираше и брзо е откриено убситвото, а сторителот оставил сопствена трага.
Како што вели, форензиката ќе овозможи брзо да се реши овој случај, посебно што нејзиниот Фејсбук, заканите и листингот од нејзиниот мобилен ќе помогнат во истрагата за откривање на потенцијалниот убиец.
Николиќ вели дека постојат многу малку нерешени случаи, речиси и да нема толку драстични кои останале нерасчистени, така што и овој, според неговите очекувања и искуство ќе биде решен.
Да потсетиме пејачката Јелена Крсмановиќ, мажена Марјановиќ исчезна во саботата во населбата Црвенка во Борча. Пронајдена е утредента мртва во канал со видливи траги од брутално убиство.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
