Криминална група во Албанија за 20.000 долари обезбедувала пасош за САД
Во голема акција спроведена во утринските часови, албанската полиција разби криминална банда која се занимавала со трговија со луѓе од Албанија кон САД и Канада.
Акцијата, која следува по подолга истрага, била спроведена во шест градови: Кукс, Скадар, Тирана, Пешкопеја, Корча и Лежа. Уапсни се четириесетина лица, меѓу нив и полициски службенци и нивни претпоставени.
Организираната кримнална група, чие седиште било во градот Лежа, наплатувала од 15 до 20 илјади долари во замена за „гарантирана патна исправа“ со која, главно млади лица заминувале во САД или Канада.
- Откако ќе направеле копија на пасошите, тие го краделе идентитетот, а потоа ставале фотографија на луѓе заинтересирани да заминат во САД или Канада. Тоа го правеле и за патување во некоја од западно европските земји, но поисплатлив им бил бизнисот за патување преку океанот, наведуваат албанските медиуми.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица