Кремљ: За нас Иран не е терористичка земја

Кремљ не го смета Иран за терористичка држава и планира да развива односи со таа земја, изјави денеска портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.
Изразувајќи несогласување со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран „е терористичка држава број еден“, која ја даде за Фокс њуз Песков рече: „Не се согласувам со тоа тврдење. Сите знаете дека Русија има добри односи со Иран и со таа земја да соработуваме по многу прашања“.
Тој додаде и дека иако Русија и САД имаат различни ставови за некои меѓународни прашања, тоа не би требало да биде препрека за развој на меѓусебните односи.
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави минатата недела дека Иран е „најголем поединечен државен спонзор на тероризам на светот“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
