Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина

Кремљ не очекува значителен напредок во мировните преговори со Украина што треба да се одржат утре во Турција – соопшти портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков. Русија, како што наведе, останува на своите позиции и нема да отстапи од првично поставените цели.
– Нема основа за надеж во некакво чудо, но ние ќе ги браниме нашите интереси, ќе се заложиме за нивно остварување и ќе продолжиме да ги исполнуваме задачите што си ги поставивме од самиот почеток – изјави Песков пред новинарите.
Тој додаде дека темата на преговорите меѓу Русија и Украина е „доста сложена“ и дека ќе се разговара и за нацрт-меморандумите што двете страни ги разменија при последната рунда разговори – пренесе руската агенција „ТАСС“.
Последната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина се одржа на почетокот од јуни во Истанбул, но без конкретен резултат. Новата рунда, според најавите, ќе започне в среда, 23 јули, повторно во Турција.
МИА
Ново на Сител
-

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница
-

Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“
-

Зеленски: Украина ќе извезува оружје
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
