Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина
Кремљ денеска соопшти дека повиците на Литванија да ѝ се помогне на Украина со испраќање напредни борбени авиони се „доказ за исклучително агресивните ставови“ на балтичките земји.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека „големите европски земји“ треба да се спротивстават на таквите ставови.
Изјавата на Песков дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Америка нема да испрати борбени авиони Ф-16 во Украина. Киев неодамна во неколку наврати ги повика своите сојузници да ѝ донираат напредни борбени авиони на Украина за да може да воспостави контрола над нејзиниот воздушен простор.
Украинското воено воздухопловство во моментов користи стари советски борбени авиони. „Скај њуз“ потсетува дека извор од британското воено воздухопловство неодамна одговори „никогаш не вели никогаш“ на прашањето за донации на борбени авиони, додавајќи дека тоа „во моментов не е приоритет“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
