Креативна работилница во Домот за деца без родители „11 Октомври“
Штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври“ на креативна работилница напишаа афоризми кои ќе бидат изработени во форма на картички и ќе бидат понудени на продажба низ кафулињата во Скопје.
Со купување картичка со уникатен афоризам се донираат пари кои потоа ќе се искористат за потреби на дечињата од домот.
Дечињата ги пишуваа аформизмите инспирирарни од нивните желби, емоции или секојдневни настани, на работилницата што се одржа вчера во Домот, во организација на здружението „Inner Wheel“ Скопје, во сoработка со академик Катица Ќулафкова. За нивната мисла да тече беспрекорно се потруди aкадемик Ќулафкова која посвети внимание на секое дете посебно.
Целта на проектот е на лесен и интересен начин да се поттикне кретивно размислување и пишување на децата од домот без родители.
Здружението Inner Wheel е достапно на приближно 100 географски локации низ светот меѓу кои и Скопје. Секој клуб дава свој придонес во локалните заедници и надвор од националните граници. Мисијата на клубот е да промовира активности, услуги и позитивни практики, со цел подобрување на животите на жените и децата во светот, преку глобална мрежа на членки, кои донираат на волонтерска основа- средства, посветеност и љубов кон останатите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови