-->
-->
Креативен хепенинг во Куманово за надминување на дискриминација врз Ромите
-->
![]()
Здружението Национален ромски центар организираше креативен хепенинг по повод одбележувањето на денот „Ромска Гордост“ во Куманово, како дел од проектните активности од кампањата ,,ДОСТА! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите! “ и одбележување на денот „Ромска Гордост“ поддржан од Кампањата Доста! програма на Советот на Европа. На хепенингот учествуваа околу 140 ученици од основните училишта од Куманово, кои цртаа, меѓусебе се дружеа и испратија пораки за надминување на предрасудите во заедниците.
– Хепенингот се организира со цел, учениците сликовито да се искажат против предрасуди, стереотипи и дискриминацијата. Учесниците на хепенингот ќе добиат маици на која ќе бидат испишани пораки, цитати, слогани или насликани креативни дела кои беа дефинирани на работилницата. Целиот настан ќе биде проследен со музика и ќе биде документирано преку фотографии и видео материјал од кое ќе се изработи креативно видео, изјави координаторот на проектот, Ирфан Мартез.
Оваа е четврта година како Национален Ромски Центар ја имплементира кампањата ,,ДОСТА! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите! “ во соработка со основните и средните училишта од Куманово.
Кампањата се реализира со цел да се влијае врз перцепциите за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку промовирање вредности на ромскиот народ и нивниот придонес во општеството, како и создавање на подобра слика за Ромите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
