Македонија
27. March 2024 - 12:39

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Mинистерството за внатрешни работи во врска со кражбата во средно училиште во Охрид соопшти дека се работи за 19-годишна ученичка, а не за ученик како што претпладнево информираше Министерството. 

- На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид. Имено, С.Р.(19) од Охрид, ученичка во средното училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари, се вели во корегираното соопштение од МВР.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.