Кражба во тетовската Шарена џамија

Во периодот од 19.40 часот завчера до 04.30 вчера во верскиот објект „Шарена џамија“ на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од кутијата за доброволен прилог ги одзел парите (околу 500 денари во разни апоени, пет евра и пет турски лири) и побегнал во непознат правец.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Тетовската полиција соопшти дека во завчера околу полноќ во џамијата „Ринис“ на ул. „176“ во Тетово непознат сторител извршил тешка кражба во обид.
Сторителот со употреба на подесен алат насилно отворил еден прозор, влегол внатре, но откако се активирал алармот побегнал во непознат правец.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
