Кражба во Шарената џамија во Тетово

Девет илјади денари одзеле засега непознати сторители од дрвена кутија поставена на ѕидот пред влезот на Шарената џамија во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Случајот вчера во полиција го пријавил претседателот на Одборот на Шарената Џамија М.М.(49) од Тетово. Според неговиот исказ, во полицијата непознатите сторители кражбата ја извеле вчера во 3 часот и 45 минути така што насилно ја отвориле дрвената кутија и од неа одзеле парите што како прилози ги оставиле верниците, а потоа незабележани од никого се оодалечиле.
- Полицијата презема мерки и активности за целосно расветлување на случајот и откривање на сторителите и веќе се располага со првични созанија за идентитетот на вклучените во оваа кражаба, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
