Македонија
5. January 2017 - 13:37

Кражба во ОУ „Прпарими“ во Голема Речица

Кражба во основното училиште „Прпарими“ во Голема Речица извршиле непознати сторители ноќта меѓу вторникот и средата. Се проценува дека е причинета штета од 44.000 денари.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, разбојниците влегле во училиштето откако насилно го отвориле прозорецот во приземјето.

- Потоа влегле во директорската канцеларија и одзеле компјутерско куќиште, два принтера и три тонери, а го активирале и противпожарниот апарат со кој ја испрскале целата просторија. Од наставничка просторија одзеле компјутерско куќиште и неколку други предмети со што, според директотот на училиштето Х.А. (50) од Тетово, стекнале вкупна имотна корист од 44.000 денари, изјави Јосифовски.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.