Кражба на бродска опрема од пловни објекти во Студенчишкиот канал во Охрид
![]()
Непознати сторители изминатите неколку дена украле најмалку три вонбродски мотори и друга опрема од пловни објекти закотвени во Студенчишкиот канал во Охрид.
Кражбата ја забележал еден од сопствениците на чамец, кој случајот го пријавил во полиција.
Оштетените лица сметаат дека се работи за однапред смислен план бидејќи моторите се украдени во период кога заначително е намалена фреквенцијата на движење во тој дел од градот. Некои од сопствениците сметаат дека кражбата била извршена со друг пловен објект.
Моторите биле украдени откако крадците со соодветен алат ги обиле преградите во пловилата каде се чува соодветна опрема.
Од СВР Охрид го потврдија случајот, со напомена дека бројот на оштетени слица може да е поголем. Повеќе информации најавија за утре.
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
