Македонија
26. November 2015 - 13:01

Кран му ја смачка раката, работник од „Митал“ тешко повреден

Денеска во 08.45 часот во ЕИК-Скопје вработен во ГОБ „Наум Охридски“ пријавил дека кај нив е донесен повреден С.Ц.(39) од скопското село Кучевиште, вработен во „Арцелор Миттал Стил“, фирма лоцирана во кругот на „Железара“. 

Тој, извршувајќи работни задачи во наведената фирма, се повредил, односно на раката му паднала количка која била подигната со кран.

Од страна на лекар на Славиша му се констатирани тешки телесни повреди и му се ампутирани два прста показалец и среден прст.