-->
-->
Кралицата на ромската музика се бореше до крај - ова е последната фотографија на Уснија
-->

Музичката сцена остана посиромашна со смртта на кралицата на ромската музика Уснија Реџепова, која ја изгуби битката со тешката болест.
Последните месеци од животот ги помина во болничка постела, од каде неодамна се простила од колешката Неда Украден, со која тој ден се смеела, верувајќи дека ќе дојде денот кога повторно ќе запее на бината.
„Долго зборувавме, не сакаше да одам, па и прераскажував некои дамнешни концерти за да ја расположам. Многу ми е жал што замина таква талентирана жена, која ја одбележа југословенската народна музика, со нејзината специфична интерпретација и песните кои долго ќе се пеат. Над се прекрасна личност!“, изјави Неда Украден.
„Уснија до крај се бореше да биде позитивна и силна жена. Убава, паметна и талентирана, таа се грижеше за сопругот и тогаш го запоставила своето здравје“, раскажува низ солзи Неда и додава:
„Медицинската сестра ми рече дека Уснија имала метастази, а јас не знаев. Не ни се надевав дека толку брзо ќе замине. Ние се знаеме 30 години, и иако не пиевме кафе секој ден, бевме многу блиски. Во шок сум, тешко ми е да поверувам дека повеќе ја нема“.
Инаку Неда ја искористила можноста, за последен пат да се слика со Уснија, не мислејќи дека тоа ќе биде последното селфи на кралицата.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
