Кралицата Елизабета Втора лани работела 67 дена
Според официјалните податоци, членовите на кралското семејство работеле во просек 84,5 дена оваа година, или околу една третина од 253 вообичаени работни денови во Велика Британија.
Деветте медиумски најистакнати членови на кралското семејство (кралицата, принцот Чарлс, Вилијам, Кејт, Ана, принцот Едвард, принцот Ендрју, принцот Хари и неговата сопруга Меган) работеле вкупно 761 ден.
Единствената ќерка на кралицата Елизабета Втора, пак, принцезата Ана трета година по ред е „највредна“ во таа смисла, со вкупно 167 работни денови. Наследникот на престолот, принцот Чарлс е на второто место со 125 дена службена должност. Кралицата Елизабета Втора (93), работела 67 дена, четири повеќе отколку во 2018 година.
Подробностите за официјалните ангажмани на монархот се запишуваат во Дворскиот циркулар – дневен список на настани на коишто присуствуваат кралицата и нејзиното семејство.
Сепак, некои членови на кралското семејство имаат и приватни ангажмани, кои можеби не се вклучени во оваа листа.
Вториот кралски престолонаследник – принцот Вилијам работел 74 дена изминативе 12 месеци. Неговата сопруга Кејт работела 58 дена.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор